Ширер го поздрави одличното деби на Волдемаде, Германецот одговори: Тој е легенда, многу сум…

Дерби

15/09/2025

13:51

145

Големина на фонт

а а а

Њукасл дојде до првото славје во Премиер лигата во натпреварувачката 2025/2026 и тоа против Вулверхемптон кој падна на „Сент Џејмс Парк“ со резултат 1-0.

Единствениот гол вреден три бода беше дело на летното засилување за „страчките“ Ник Волтемаде, деби и партија која беше позитивно оцената од легендата на клубот Алан Ширер.

Овие комплименти допреа до Германецот кој одговори:

- Секако дека тој е легенда. Постигна многу голови и секако дека сум среќен поради тоа. Работев многу на тоа последните недели, последните месеци и минатата година. Со мојата висина, претпоставувам дека мора. Можеш да постигнеш повеќе голови ако можеш да шутираш добро со глава. Ударот со глава секогаш е добар за напаѓач, особено ако работиш на него секоја недела, па затоа бев среќен кога топката влегуваше во мрежата, - истакна Ник кој сега со нетрпение го очекува соочувањето со Барселона во ЛШ.

- Ова е мојот прв натпревар од Лигата на шампионите дома, тука на „Сент Џејмс Парк“ против Барселона. Претпоставувам дека не може да биде подобро, па затоа навистина се радувам на тоа. Сакам да постигнувам голови, но беше важно и тоа што го добивме натпреварот. Сега сакам да продолжам и да се трудам најдобро што можам во секој натпревар, а ако потоа дојдат головите, секако дека сум навистина среќен поради тоа, - заврши напаѓачот.