Хари Кејн имаше уште еден квалитетен настап во Бундеслигата, меч во кој даде два гола, а неговиот Баерн Минхен го разби Хамбургер со 5-0.
На овој дуел воедно првите минути во дресот на баварците ги одигра Николас Џексон кој во финишот на преодниот рок пристигна на „Алијанц Арена“.
Сенегалецот беше доста критикуван и многумина не очекуваат ништо од него во Баерн, но Кејн го тврди сосема спротивното и е убеден дека Џексон ќе остави трага во германскиот првак.
- Ако ја следите Премиер лигата, можете да видите дека тој има многу добри атрибути. Создава многу шанси. И е тука да му помогне на тимот. Веќе работиме заедно на тренинзите и на завршницата.
- Чувствувам дека може да има големо влијание врз нас оваа сезона, со неговата брзина, движење и голови. Тој е одлично дополнување за нас. Не го познавав многу добро. Игравме против него летото [Англија – Сенегал] и остави многу добар впечаток, одигра навистина добар натпревар, - порача Англичанецот.