Флик: Хау врши фантастична работа, на „Ст. Џејмс Парк“ е…

Дерби

18/09/2025

12:49

168

Големина на фонт

а а а

Барселона му гостува на Њукасл во првиот натпревар во кампањата 2025/2026 во елитната Лига на шампиони.

Ова ќе биде сериозен тест за шпанскиот тим кој на овој меч ќе биде без Јамал, Гави и Балде, тројца важни играчи, но тие што ќе настапат ќе треба да покажат највисоко ниво ако Барса сака со позитивен резултат да го напушти „Сент Џејмс Парк“, стадион на кој навивачите прават пеколна атмосфера.

-Никогаш не сум бил тука [Сент Џејмс Парк]. Моите играчи ми велат дека можеби е најдобрата атмосфера во Премиер лигата. Очекувам навистина силен тим, висок тим со висок интензитет, со многу динамика да оди во вторите топки вертикално. Тие играат навистина добро. Тоа е тим кој е изграден во последните години. Еди Хау и неговиот тренерски штаб завршија фантастична работа.

-Мораме да се адаптираме на противниците и ќе го направиме тоа. Секој план за натпревар е таков за да се адаптираме на она што треба да го правиме против стилот на противникот. Немаме долго време за тренинг бидејќи играме на секои три или четири дена, но тоа е нормално. Но, мислам дека играчите се способни да играат против овој стил, -порача Ханси Флик.

Натпреварот е закажан за 21 часот.