Славниот фудбалер застана пред судијата и рече – не сум виновен! Го обинија за силување четири дена пред да го промени фудбалскиот клуб

Точка

17/09/2025

15:00

432

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Виљареал Томас Парти, изјавил дека не е виновен кога во средата се појавил на суд во Лондон поради обвиненија за силување и сексуален напад.

Парти е обвинет по пет точки за силување, а по една за сексуален напад поради спорни настани од 2021 и 2022 година.

Обвиненијата се однесуваат на три жени од кои на една се однесуваат две точки за силување, на втората три точки и на третата точката за сексуален напад.


Парти тогаш бил член на Арсенал, а веќе една година медиумите во Англија пишуваат за целиот случај за којшто фудбалерот се сомничи.

Топџиите не го продолжија договорот со 32-годишниот фудбалер, па тој како слободен играч го напуштил клубот и со одобрение на судот се преселил во Шпанија.

Според условите кои му ги поставил судот, Парти не смее да контактира со ниту една од трите жени, а мора да ја пријави во полиција секоја промена на адресата и мора редовно да се јавува на повиците од судот за рочиштата.


Парти ги отфрла сите обвиненија. Тој веќе бил во Англија, поради тоа што еден ден претходно Виљареал гостуваше кај Тотенхем на отворањето на Лига на шампионите.

Парти на тој натпревар влегол во игра во 78 минута, но не успеал да го спречи поразот на „жолтата подморница“.

Парти е роден во 1993 година во Гана, а на 19 години дошол во шпански Леганес.


Набрзо потоа преминал во Атлетико Мадрид, чиј играч бил од 2015 до 2020 година не сметајќи ја позајмицата во Мајорка и Алмерија.

Член на Арсенал бил од летото 2020 година до истекување на договорот летово. За репрезентацијата на Гана дал 15 голови на 53 натпревари.