[ФОТО] Поранешниот голман на Шахтјор фатен на граница при обид за бегство: Украинците го испратиле на воена обука

Точка

17/09/2025

17:44

546

Големина на фонт

а а а

Украинскиот портал „Спорт Арена“ денеска објави интересна вест за голманот Артур Рудко, поранешен член на Шахтјор Донецк, кој бил фатен во обид да избега од Украина.

Рудко се обидел нелегално да ја напушти Украина во друштво на уште тројца мажи и малолетно момче, но не успеал.

Тој бил запрен на границата со Молдавија, каде што граничната полиција на Украина ги запрела и спречила нелегално да ја напуштат земјата.

Исто така, било утврдено дека секој од возрасните мажи платил по 8.000 долари за патувањето, но планот не им успеал.

Потоа, наводно Рудко бил испратен на воена обука и сега го чека борба на воениот фронт, каде што ќе биде дел од украинската армија која се обидува да се спротивстави на руската агресијата.

Инаку тој има 33 години, а неговиот последен ангажман во фудбалската кариера бил во Черноморец, кој го напуштил во јануари оваа година.


Претходно, покрај гореспоменатиот Шахтјор, тој бил голман на Металист, Динамо од Киев и Говерла, а бранел и за полски Лех и кипарски Пафос.

Добивал и покани да настапи во репрезентацијата на Украина, но никогаш не дебитирал за оваа селекција.