[ФОТО] „Сте го донеле Берлин во Скопје”: БУРУ го размрда главниот град

Точка

30/09/2025

15:47

219

Големина на фонт

а а а

Викендов, во саботата, се одржа првата БУРУ журка во Скопје. Буру е колектив од млади луѓе кои сакаат да направат промена во културата и ноќниот живот, а токму тоа го остварија со журката која се одржа во Музејот на современа уметност Скопје.

„Сте го донеле Берлин во Скопје” и „Скопје вечерва звучи и изгледа како Солун” се само мал дел од позитивните коментари на присутните на Буру.


Атмосферата на Буру ја загреваше L.O.V.D - музичар и продуцент кој настапува со live електронска музика комбинирајќи жанрови како електро, синт, хаус, гтек и други. Следен презема Ampov, веќе добро познат и талентиран млад ДЈ, кој воедно е дел и од тимот на Буру, претставувајќи го во најдобро светло со својот енергичен сет.


За крај, изненадување за присутните беше Man With The Speaker, кој доаѓа директно од Атина и внесе посебна енергија во вечерта што долго ќе се зборува и памети.


Буру не е “уште една” журка во Скопје. Буру е ресетирање на градот, културата и ноќниот живот, промена за која не бевме ни свесни колку беше потребна. Буру е почеток на нешто што никогаш претходно не се случило, а ќе остане запаметено засекогаш.