[ВИДЕО] „Сакав да си ги отсечам рацете и да умрам“: Најпотресната исповед на Мадона, кралицата на поп музиката зборувала за најтешките моменти од животот

Точка

30/09/2025

18:51

357

Големина на фонт

а а а

Кралицата на поп музиката, Мадона (67), ја отвори душата во своето прво поткаст-интервју, во емисијата „On Purpose“ со Џеј Шети, и откри како духовноста ѝ помогнала да ги преживее најмрачните моменти од нејзиниот живот.

Во текот на двочасовниот разговор, уметницата признала дека за време на судската битка за старателство над синот Роко, имала мисли за самоубиство.

„Имаше моменти кога сакав да си ги отсечам рацете… Навистина размислував за самоубиство“, рекла Мадона, потсетувајќи се на болните денови од 2016 година, кога беше во конфликт со поранешниот сопруг, Гај Ричи.


Сѐ започнало кога тогаш 16-годишниот Роко решил да ја напушти својата мајка за време на нејзината турнеја "Rebel Heart" и да се пресели во Лондон кај својот татко. Мадона тогаш имаше примарно старателство, но по долготрајна правна битка, беше постигнат договор според кој момчето остана во Обединетото Кралство.

„Тоа беше, веројатно, еден од најтешките моменти во мојот живот, кога не можев да ја видам шумата од дрвјата. Се чувствував како некој да ми го одзема детето – а тоа беше како да ме убиваат“.

Таа додаде дека секојдневно излегувала на сцена, иако била скршена одвнатре:


„Лежев на подот во мојата гардероба и плачев. Мислев дека тоа е крајот на светот. Не можев да издржам“.

Денес, сепак, со насмевка вели дека односот со синот се променил:

„Фала му на Бога, сега сум во добри односи со Роко. Дури можам да кажам дека сме пријатели. Но тогаш не можев да го видам тоа. Навистина мислев дека сѐ е готово“.

Помирување со братот

Пејачката во разговорот зборуваше и за нарушениот однос со нејзиниот брат Кристофер, кој почина во јуни 2024 година по борба со рак на грлото. Тие не разговарале со години.

„Да носиш омраза, да посакуваш некој да страда… тоа е отров, тоа е канцер. Мојот најголем непријател долго време беше мојот брат“.


Мадона раскажа дека се двоумела кога Кристофер ѝ се обратил додека бил болен.

„Се прашував: ‘Ќе му помогнам ли на мојот непријател?’ И едноставно решив дека ќе му помогнам“.

Тој момент бил пресвртница: „Огромен товар ми се симна од грбот. Конечно можев да му ја држам раката додека умираше и да му кажам: ‘Те сакам и ти простувам’. Тоа беше непроценливо“.

Силата на кабалата и духовниот пат

Мадона уште еднаш нагласи колку нејзиното откритие на кабалата во 1996 година ѝ го променило животот.

„Успех е да имаш духовен живот. Немаше да бидам овде ако не го имав“.

Заедно со својот долгогодишен учител по кабала, Ејтан Јардени, го претстави новиот курс „The Mystical Studies of the Zohar“. Таа објаснува дека целта на тоа учење е поврзување со божественото, но и со внатрешниот мир.

„Духовната мудрост не е корисна кога сѐ оди лесно – туку токму кога се бориш, кога ти е најтешко“.