Познатата пејачка Адел била една од гостинките на свадбата на Селена Гомез и Бени Бланко. Двојката сè организирала така што многу малку информации протекоа во јавноста, но сепак, некои фотографии се појавија на социјалните мрежи.
Така, една од објавите покажува дека на свадбата била и Адел, која ги шокирала сите со својата трансформација.
Не е тајна дека таа се трансформирала, како што претходно рече, ослабела дури 44 килограми исклучиво со помош на тренинг, а сега ја покажала својата витка фигура во тесен фустан.
Повеќе од очигледно е дека Адел се трансформирала, но многумина веруваат и дека сега претерала, и можеби посегнала по популарниот оземпик…
„Раце како гранчиња, што ѝ се случи“, беше еден од коментарите.
Иако изгледаше софистицирано и елегантно во црна облека што се ширеше од половината, Адел ги загрижи обожавателите со својот изглед бидејќи никогаш не била послаба.
Некои се сомневаат во вистинитоста на тврдењето дека постигнала таков изглед само преку тренинг, но пејачката сепак се држи до таа приказна.