[ФОТО] Во танга бикини, боса и самоуверена: Славната актерка предизвика бура од коментари на социјалните мрежи

Супермен

02/10/2025

15:00

2.815

Големина на фонт

а а а

Славната актерка Хали Бери (59) предизвикала вистинска бура од воодушевување на социјалните мрежи со својата најнова фотографија во бикини.

На фотографијата таа позира среде ништо, свртена со грбот во камерата, а бикинито совршено ја истакнало нејзината витка фигура и атрактивна заднина.

Порака на Инстаграм и комплименти на фановите

„Изгледа како да одам во погрешна насока, но не, само одам по својот пат“, напишала Хали во загадочната порака покрај објавата, а обожавателите ја преплавиле со коментари:

„Изгледаш во форма, елегантно и заводливо“, „Ми се допаѓа, оди по својот пат“, „Отсекогаш си ми била пример“, „Тоа е единствениот вистински пат“, „И вие ја зумиравте фотографијата, така?“...


Хали се чувствува прекрасно со речиси 60 години

Во последно време, Хали често споделува фотографии во бикини со своите фанови, а сѐ започнало откако за „Opra Daily“ изјавила дека се чувствува како најдобра верзија од себе.


„Мислам дека ќе бидам уште подобра верзија од себе на 60 години. На патот на долговечноста откривам што треба да направам за да го подобрам здравјето. Се чувствувам самоуверено, моќно и секси. Помудра и попаметна од кога и да е“, порачала актерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk