[ФОТО] Парфем на носталгијата – вака мирисал секој втор маж во Југославија, шишенцата чинеле по 15-на евра

Супермен

09/10/2025

13:00

1.276

Големина на фонт

а а а

На овој мирис тешко дека ќе се сетите дури и доколку сте родени во Југославија, а бил толку популарен.

Доколку сте пораснале во поранешна Југославија, голема е веројатноста дека сте го почувствувале овој мирис на некој маж од вашето опкружување, без оглед на тоа дали тоа бил татко ви, постариот брат, сосед или првата симпатија.


„Ronhill“ била линија на машки колонски и „афтершејв“ производи кои ја произведувала словенската компанија „Krka“ и за многумина била синоним за секојдневна машка нега, пишува „City Magazine“.

Најпознат меѓу нив бил „Ronhill Red“, свеж зачински мирис којшто поради својата долготрајност брзо ги освоил мажите ширум Југославија.

Инспириран од класичниот парфем „Monsieur Rochas“, овој мирис бил елегантен, но сепак пристапен и во тоа била тајната на неговата популарност.

Покрај варијантата „Red“, постоеле и „Ronhill Black“ и „Ronhill Brown“. „Black“ бил инспириран парфем од „Jacomo de Jacomo“, додека „Brown“ мирисал на „Aramis Tuscany“.


Подоцна се појавил и „Ronhill Silver“, помодерна верзија со ноти налик „Davidoff Cool Water“, додека пак за дамите постоела и линија „Ronhill Lady“ со популарниот парфем „Ronhill Lady Fatal“.

Но, овој парфем не бил само парфем, тој бил секојдневен ритуал. Неговата достапност, квалитет и препознатлив мирис го направиле задолжителен во секој дом.

За многумина тој денес е мирис на носталгијата, а може да се најде за купување на страниците за продажба по цена од околу 15 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk