[ВИДЕО] На Земјата ѝ се заканува застрашувачко сценарио? Сателитите на Маск паѓаат од небото со алармантна брзина

Точка

13/10/2025

17:06

795

Големина на фонт

а а а

Сателитите на Илон Маск, групирани под компанијата „Starlink“, служат за обезбедување брз интернет во сите краеви на светот. Во орбитата моментално има околу 8.500 вакви сателити, но тој број наскоро би можел да почне да опаѓа.

Како што пренесува „EarthSky“, сателитите на „Starlink“ буквално паѓаат од небото – и тоа со алармантна брзина од дури два на ден.

Овој извор објаснува дека харвардскиот астрофизичар Џонатан Мекдауел забележал траги на небото, кои потекнуваат токму од „Starlink“ сателитите.

Веќе сега озлогласениот „Кеслеров синдром“ претставува закана за блокирање на ниската орбита на Земјата, а бидејќи сè повеќе компании се натпреваруваат за овој дел од вселената, Мекдауел предупредува дека бројот на сателити кои паѓаат од орбитата би можел експоненцијално да се зголеми.

„Кеслеровиот синдром“ е хипотетичко сценарио што го претстави научникот Доналд Џ. Кеслер во 1978 година. Тој се обидел да предвиди што би се случило кога густината на објектите во ниската орбита на Земјата би достигнала критично ниво – ефективно заробувајќи нѐ во сопствен слој од вселенски отпад.

„Кога сите констелации ќе бидат распоредени, очекуваме околу 30.000 сателити во ниската орбита на Земјата (‘Starlink’, ‘Amazon Kuiper’, и други), и можеби уште 20.000 сателити на висина од 1.000 километри од кинеските системи“, вели тој.


„За сателитите во ниската орбита очекуваме циклус на замена од 5 години, што се преведува во 5 сателити дневно кои се враќаат во атмосферата. Не е јасно дали Кинезите ќе ги спуштат нивните во пониска орбита или пак ќе нѐ забрзаат кон верижна реакција на Кеслеровиот синдром“, додал тој.

Со потенцијални 700 „Starlink“ сателити кои годишно би излегувале од орбитата, постои опасност да паѓаат побрзо отколку што компанијата на Маск може да ги замени.