Најстариот пајак на светот ги шокираше биолозите: Ова е тајната на неговата долговечност

Точка

13/10/2025

11:02

1.181

Големина на фонт

а а а

Во пустината на југозападна Австралија, во областа на резерватот "North Bungula", научниците случајно открија најдолговечен пајак забележан досега – женка од видот „Gaius villosus“, позната под името „Број 16“.

Пајакот бил дел од долгорочна студија за популација што во 1974 година ја започнала биологот Барбара Јорк Мејн.

Истражувањето опфаќало годишно следење на животниот циклус и однесувањето на пајаците од семејството „Idiopidae“, вид што живее во подземни дупки со замки.

Меѓу десетиците единки означени со метални клинови, „Број 16“ била шеснаесеттата по ред – и единствената што ги надживеала сите останати.

43 години под земја

Повеќе од четири децении, „Број 16“ останал во истото подземно засолниште што сам го ископал и внимателно го одржувал.

Кога истражувачите во 2016 година последен пат се вратиле на локацијата, го нашле неговото гнездо оштетено – со мал отвор на површината.

Траги на трагичен крај

Според доказите, научниците заклучиле дека пајакот не угинал од старост, туку станал жртва на паразитска оса, чијашто ларва се развива во телото на домаќинот и на крај го уништува целосно.

Со навршени 43 години живот, „Број 16“ го сруши претходниот рекорд на долговечност кај пајаците – 28 години.

Иако крајот бил трагичен, неговиот живот остави длабока научна и еколошка порака.

Поука за човештвото

Научниците кои го објавија трудот за неговиот живот истакнаа дека овој необичен пајак претставува пример за одржлив и скромен начин на живеење.

Во текот на целиот свој живот, „Број 16“ користел само толку ресурси колку што му биле потребни – без да го наруши природниот баланс.

„Заклучуваме дека животните форми со ограничена распространетост нè учат на лекции за одржлив живот во стабилни, древни екосистеми“, напишале авторите на истражувањето.

„Додека се обидуваме да го обновиме светот со поодржливи технологии и подобро управување со природните закани, можеме да се инспирираме од стариот пајак и од богатата биолошка разновидност што ја претставуваше.“