Трунка надеж за големиот Михаел – Шумахер покажал позитивен знак на подобрување по првпат по десет години

Точка

14/10/2025

10:52

467

Големина на фонт

а а а

Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во „Formula 1“, повеќе од една деценија живее далеку од очите на јавноста поради тешката несреќа на скијање во 2013 година во францускиот Мерибел.

Неговата здравствена состојба и понатаму е обвиена со мистерија – легендата на автоспортот не може да зборува, а сè уште нема потврда дека е способен да оди.

Како што пренесува „Daily Mail“, францускиот новинар на „L’Équipe“, Стефан Л’Ермит, открил за „RTL“ дека се појавил „позитивен знак“.

Имено, Шумахер оваа година потпишал кацига за хуманитарен настан – со помош на својата сопруга Корина.


„Не знаеме дали таа му ја придржувала раката, но ова е првпат по долго време да постои конкретен траг од негова активност", изјавил Л’Ермит.

И покрај тој симболичен чин, Шумахер и понатаму има потреба од постојана нега и може да комуницира само ограничено.


„Ситуацијата е навистина тажна. Тој е целосно зависен од своите негуватели, а пристап имаат само најблиските членови на семејството", изјавил германскиот новинар Феликс Горнер.

Шумахер, еден од најголемите возачи во историјата на „Формула 1“, во текот на својата блескава кариера освои седум шампионски титули и запиша 91 победа, оставајќи длабок белег на цела една ера во светот на моторните спортови.