Марио Балотели веќе подолго време е во втор, трет план кога се во прашање неговите настапи, односно последното разочарување го имаше во Џенова каде скоро и да не играше во претходната кампања.
Сега тој е без клуб иако сме на средината на октомври, па се оглед на се што му се има случено низ кариерата почна да се појавува прашањето дали е време напаѓачот да замине во пензија.
Тој засега не размилува за ваква опција и првата желба, цел му е да пронајде клуб во Италија.
- Добив понуди од странство и реков не, бидејќи во срцето сè уште се надевав дека ќе имам шанса да играм во Италија. Во моментов, таа понуда не е пристигната и сум во фаза каде што морам да одлучам дали да потпишам за тим во странство или можеби да направам пауза и да размислувам за јануари, - порача Марио кој има 35 години.