Браун има идеален предизвик за Кин: Ќе биде одличен избор…

Дерби

14/10/2025

13:16

217

Големина на фонт

а а а

Рој Кин веќе некое време е активен како стручен аналитичар со што некако се заборави дека може да помогне и како тренер со оглед на тоа што тој низ кариерата имаше неколку искуства како предводник на Сандерленд, Ипсвич, а беше асистент во Ирска и Астон Вила.

Кин е познат по својот карактер, цврстина, ставови кои се секогаш директни, а според Вес Браун тоа сега и е потребна на Република Ирска, селекција која веќе некое време се мачи, го има загубено идентитот.

- Мислам дека Рој Кин би можел да биде одличен избор за Ирска. Тој беше извесно време надвор од менаџерската позиција, но има искуство. Тренер беше во Сандерленд, Ипсвич, беше асистент во Астон Вила. Мислам дека ако ги слушнете некои од играчите што ги тренираше, тие открија дека можеби е премногу интензивен. Не сум сигурен дека можеш да бидеш толку силен со менаџерската позиција во секоја пригода и мислам дека сега имал време да размисли за тоа.

- Значи, тоа веројатно беше негов проблем, и тој ќе го знае тоа. Исто така, би рекол дека Рој не може да ја преземе целата вина, играчите што ги имаше мора да преземат дел од одговорноста. Сè уште можете да видите дека тој ја сака играта и мислам дека сега ќе може да се адаптира, што е суштината на играта, - вели Браун кој исто смета дека Шон О’Ши би бил одлична десна рака на Кин.

- Џон е многу интелигентен. Гледа многу фудбал и гледа што се случува. Ми кажува дека имаат навистина ветувачка група момци кои се појавуваат во помладите тимови, до 21 година и до 18 години. Постои потенцијал за појава на навистина силен тим во следните неколку години. О’Ши е помошник менаџер веќе пет или шест години, па има многу искуство на кое може да се потпре. Тој и Кин се познаваат и се почитуваат, па затоа нема да има проблем да работат како тим. Само ќе треба да им дадете шанса сега и да видите како ќе оди, - заклучи некогашниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед.