[ВИДЕО] УЕФА со посебен комплимент за Барди по мајсторијата во Скопје

Дерби

14/10/2025

11:57

311

Големина на фонт

а а а

Македонија се мачеше против Казахстан и не можеше со течна и напаѓачка игра да го пробие бедемот пред голот на гостите, а во таква ситуација, од голема важност е голот кој го постигна Енис Барди во 74-та минута.

Капитенот на македонската репрезентација уште еднаш го презентираше својот шутерски потенцијал од далечина, или поточно ги потесети фановите зошто своевремено важеше за најдобар изведувач на слободни удари во Ла Лига после Лео Меси.

Барди режираше ремек-дело од 30-тина метри и беше единствен кој пронајде решение за расположениот голман на Казахстан, а неговиот гол беше доволен за да се избегне пораз.

Македонија до крајот создаде шанси и за целосен пресврт, но нашите миленици мораа да се задоволат со реми, по кое за првпат во овие квалификации сме на второто место на табелата.

Нашиот национален тим ќе игра за бараж за Светско првенство на натпреварот од последната рунда против Велс, а во меѓувреме УЕФА ја издвои последната мајсторија на Барди како гол на колото во европските квалификации.

– Енис Барди е гениј за слободни удари, – гласи објавата на УЕФА.