Тухел: Нема граници, може да биде еден од најдобрите на светот

Дерби

14/10/2025

14:28

341

Големина на фонт

а а а

Томас Тухел полека почнува да фаќа залет со Англија, а тоа го говорат последните натпревари во кои „гордиот албион“ си поигра со Србија во Белград со 5-0, а пред неколку дена за само едно полувреме или поточно 20 минути си поигра со Велс (3-0) во пријателскиот меч.

Сега за Англичаните следи нов предизвик, гостување во Рига кај Летонија, натпревар пред кој Тухел проговори искрено и директно за асот кој сезонава се буди во Барселона, Маркус Рашфорд.

Рашфорд имаше тежок период во Манчестер Јунајтед, во вториот дел од минатата кампања почна да се буди во Астон Вила, а во тековнава има 3 гола и 5 асистенции на 10 средби за каталонците.

- Мислам дека границата за него е многу висока. Можеби повисокa отколку кај другите. Тој има потенцијал, но потенцијалот е опасен збор во спортовите на високо ниво. Мора редовно да го достигнуваш најдоброто на редовна основа, тоа е она што се бара на вакво ниво и тоа е предизвикот за него. Не е прашање на талент, туку прашање е дали може да го докаже тоа на клупско и интернационално ниво.

- Тој може да биде еден од најдобрите во светот поради квалитетот што го гледам на тренинг, завршувањето со двете нозе и со главата. Тој е експлозивен, брз е, силен е во воздухот, па каде се границите? Нема граници – но бројките не го достигнуваат потенцијалот, толку е лесно. Тој е сè уште доволно млад (27 години) за да ги донесе правите одлуки и да не се откаже. Бидејќи во спротивно ќе биде разочаран за 10 години од она што можеше да биде и што направи од тоа, - истакна Тухел.