Херојот на Албанците за славјето по победата над Србија: Почнавме да ја губиме свеста, среќа…

Дерби

14/10/2025

12:30

305

Големина на фонт

а а а

Албанија излезе како победник од балканското дерби со Србија (1-0) и направи исчекор кон пласман во баражот за Светското првенство во 2026 година.

Албанците триумфираа во Лесковац со 1-0 и сега се имаат во свои раце, односно од нив зависи дали ќе ја задржат сегашната позиција на табелата во групата К во која Англија не би требало да има проблеми да остане на врвот.

Стрелец на единисвениот гол за нашите западни соседи беше Реј Манај кој погоди во судиското продолжение на првото полувреме. Овој триумф бурно беше прославен, а Манај откри дека не се сеќава на некои работи.

- Плачевме, славевме во соблекувалната, не се сеќавам на ништо. Почнавме да ја губиме свеста, среќа што вода со шекер, инаку ќе падневме таму, - порача напаѓачот за телевизијата А2.