[ВИДЕО] Пејачот на „Simply Red“ ги изгуби нервите на концерт: „Замолчи“

Точка

15/10/2025

11:56

643

Големина на фонт

а а а

Фронтменот на групата „Simply Red“, Мик Хакнал, имал невообичаен испад на сопствениот концерт во саботата, за време на турнејата по повод 40-годишнината на бендот. Пејачот остро му се обратил на еден обожавател во „OVO Arena Wembley“ во Лондон, пренесува „Daily Mail“.

Хакнал (65) очигледно бил изнервиран од бучавата што ја создавал еден посетител за време на настапот. Во еден момент, пејачот ја прекинал музиката, покажал со прст кон него и викнал: „Замолчи!“. Потоа додал: „Преку глава ми е да го слушам тоа“.

Пејачот им се извинил на останатите присутни во публиката.

„Извинете за ова, но не можам да се сконцентрирам. Тој премногу гласно вика. Дојдовте да ме слушате мене како пеам, а не него – со должна почит“, рекол Мик.


„Треба да има повеќе трпение“

Целиот инцидент го снимила обожавателка која го сподели видеото на социјалните мрежи. Таа објасни што точно довело до реакцијата на пејачот кон обожавателот.

„Мик зборуваше за следната песна што ќе ја испее, а човекот од публиката викаше нешто поврзано со неа. Тоа му сметаше на Мик и не можеше да се фокусира на тоа што сакаше да го каже за песната, па затоа и реагираше толку бурно“, раскажала таа.


Додала дека најверојатно се работело за „само еден многу возбуден обожавател кој бил среќен што го гледа во живо“.

„Беше во првиот ред и очигледно платил прилично за да го гледа. Мислам дека Мик беше одличен за време на настапот, но треба да има малку повеќе трпение со луѓето кои го поддржуваат и плаќаат да го слушаат. Можеше да ја реши ситуацијата со повеќе такт – можеби со шега, наместо со лутина“,вели обожавателката.