[ВИДЕО] „Очите му се празни, нема емоции“: „Новото“ лице на Бредли Купер предизвика лавина реакции на социјалните мрежи

Точка

15/10/2025

14:25

924

Големина на фонт

а а а

Бредли Купер (50) со децении важи за еден од најшармантните актери во Холивуд, препознатлив по својата самодоверба и „грубиот“ шарм. Но, кога неодамна се појави на црвениот тепих, вниманието не беше насочено само кон неговиот нов проект – туку кон неговиот изглед.

Холивудската ѕвезда изгледала видливо поинаку, што веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. По објавата на новото интервју од страна на профилот @enews, многумина останале изненадени. Еден обожавател го сумирал она што многумина го помислиле: „Искрено, не го препознав“.

Видеото брзо се прошири низ интернетот, а реакциите се бурни.

„Некој рече дека сега изгледа како Чарли Шин – и сега не можам да го извадам тоа од глава“, „Изгледа како третопласиран на натпревар за двојници на Бредли Купер“, се само некои од коментарите.


Една корисничка на ТикТок отиде чекор подалеку, споредувајќи го новиот изглед на Купер со оној на актерот Зак Ефрон, за кого исто така кружат гласини дека има направено естетски зафати.

„Што се случува во Холивуд? Ова е толку чудно“, вели таа во своето видео.

„Гледав некои нови фотографии од Купер и си помислив – каде е тој? Изгледа како Зак Ефрон“.

Таа прикажала постара фотографија од Купер и додала:

„Ова е вистинскиот тој. Како стигна до точка да изгледа толку чудно? Погледнете му ги очите – целосно се празни, нема емоции во нив. Сега многумина ќе речат дека остарел. Не е вистина – минатата година не изгледаше вака“.


Сепак, имало и такви кои го бранат актерот.

„Можеме ли, ве молам, да го нормализираме достоинственото стареење?“, напишала една корисничка на ТикТок, добивајќи бројни лајкови и коментари со поддршка.

Што навистина се променило?

Некои забележале дека изгледот на неговите очи е различен – капаците, велат, изгледаат поотворено и поизразено од порано. Додека некои ги припишуваат ваквите промени на светло, шминка или замор, други шпекулираат за можни естетски интервенции, како блефаропластика (операција на капаците).

Сепак, можно е да станува збор за сосема природен процес. Лицето со текот на годините се менува – генетиката, стресот, недостатокот на сон, па дури и гравитацијата, го прават своето. Дури и рутински третмани како ботокс можат визуелно да го променат изгледот на лицето, во зависност од начинот на примена.

Без разлика на причината, новиот изглед на Купер повторно ја отвори дебатата за стареењето, стандардите за убавина и притисокот за „вечна младост“ кој владее во Холивуд.