[ФОТО] Кој град е најсреќен на светот според мислењето на локалците? Еве каде луѓето се најзадоволни од животот

Точка

16/10/2025

19:34

674

Големина на фонт

а а а

Магазинот „TimeOut“ истражувал кој град се смета за најсреќен на светот, но според мислењето на локалците, а на првото место се нашол Абу Даби – главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Доколку патувате таму, прво што треба да направите е да прашате некој од локалците за некое добро место за препорака.

Локалните жители секогаш најдобро знаат, па магазинот „TimeOut“ вели дека токму тоа го зеле предвид кога започнале да истражуваат кои се најсреќните градови на светот.


Тие анкетирале над 18.000 луѓе за тоа колку високо ги оценуваат своите родни градови.

Испитаниците процениле врз основа на неколку клучни критериуми. Работите како што се ноќен живот, храна, пешачка достапност и квалитет на живот биле земени предвид.

Исто така кога посебно ги прашале за среќата, барајќи луѓето да оценат колку се согласуваат со следните тврдења тие рекле: „Мојот град ме прави среќен“, „Се чувствувам посреќно во мојот град отколку на било кое друго место во светот“, „Луѓето во мојот град делуваат среќно“, „Наоѓам радост во секојдневните искуства кои мојот град ги нуди“, „Чувството на среќа во мојот град во последно време се зголеми“.


По анализата утврдиле дека најсреќен град на светот, според зборовите на луѓето кои таму живеат е Абу Даби. Дури 99 отсто од луѓето во главниот град на Обединетите Арапски Емирати кажале дека нивниот град ги прави среќни.

93 отсто од жителите во Абу Даби рекле дека се посреќни кога се дома отколку на било кое друго место на светот, додека пак 96 отсто се согласиле дека нивните соседи ги прават оптимисти.


Не е изненадување што луѓето тука се толку позитивни кога нивниот град се нашол на листите за пешачки зони, пристап до зелени површини и култура.

Меделин во Колумбија се нашол втор на листата со 97 отсто од луѓето кои пронаоѓаат „радост во секојдневните искуства“, а Кејптаун се нашол на третото место.