Имала 21 година кога се заљубила во 56-годишниот партнер на својата мајка: Најбизарната љубовна приказна на Холивуд трае повеќе од три децении

Точка

17/10/2025

11:12

2.162

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите скандали во Холивуд се случи во 1992 година, кога Миа Фароу го обвини режисерот и актер Вуди Ален за злоупотреба на нивната 7-годишна посвоена ќерка Дилан Фароу. Режисерот ги негираше обвинувањата и доби строго предупредување.

Инаку, Ален и Миа беа во врска од 1980 година и заедно имаа три деца: две посвоени – Дилан и Мозес – и едно биолошко – Ронан Фароу.

Дополнителен скандал настана кога Миа пронајде разголени фотографии од својата 19-годишна посвоена ќерка Сун-Ји Превин, која ја посвоила заедно со својот прв сопруг Андре Превин.

Оваа втора приказна се покажа како вистинита, а Ален и Сун-Ји и денес се заедно и имаат две посвоени ќерки – Бешет и Мензи.


Сун-Ји во едно интервју за „Vulture“ изјави дека го запознала Вуди Ален кога имала 10 години и дека воопшто не ѝ се допаднал.

„Вуди не беше заинтересиран да нè запознае. И чувството беше взаемно; ни ние не сакавме да го запознаеме. Го мразев затоа што беше со мојата мајка, и не ми беше јасно како некој би можел да биде со толку гадна, злобна личност. Си мислев дека и тој мора да биде ист“, изјавила таа тогаш.

Бидејќи Миа инсистирала Вуди да воспостави однос со нејзината ќерка, тие се зближиле кога режисерот почнал да ги носи децата на кошаркарски натпревари.

Како што признала Сун-Ји, се зближиле кога таа била во средно училиште, кога го скршила скочниот зглоб играјќи фудбал. Тогаш тој ѝ помогнал, а подоцна ја возел до училиште додека била на штаки.

Набргу потоа, почнал да ја носи на натпревари на Њујорк Никс.


Во својата автобиографија „Apropos of Nothing“ од 2020 година, Ален призна дека почнал да развива чувства кон Сун-Ји за време на еден од тие кошаркарски излети.

„Додека разговаравме на натпреварот, сфатив дека уживам во нејзиното друштво повеќе отколку што би требало. Наскоро, Сун-Ји доаѓа од колеџ, излегува мојот филм.. сами сме во мојата соба за проекции, и прилично лесно, се наведнувам и ја бакнувам“, раскажал Ален.

Според пишувањата на медиумите, Ален и Сун-Ји „запловиле“ во сексуална врска во 1991 година, кога тој имал 56, а таа 21 година, а во тој период Ален и Миа сè уште биле во врска.

Како што подоцна изјави во интервју за „CBS Sunday Morning“, ова е, според него, „најдлабоката врска во неговиот живот“.

Иако признава дека разбира зошто на многумина нивната врска им изгледа необично, не верува дека е нивниот однос непристоен.

Кога бил прашан за својата афера, Ален во 2001 година за „Time“ изјавил:


„Срцето сака што сака. Нема логика во тие нешта. Ќе запознаеш некого, ќе се заљубиш, и тоа е тоа“.

Тој никогаш не се запрашал дали е тоа морално исправно.

„Не најдов никаква морална дилема“, изјави Ален за „Time“. „Не чувствував дека, само затоа што беше ќерка на Миа, постои некоја голема морална дилема. Тоа беше факт, но не и нешто од големо значење. Не беше како да ми е ќерка“.

Сун-Ји Превин и Вуди Ален се венчаа во 1997 година во Венеција, кога таа имала 26, а тој 61 година.

„Да ми кажеше некој пред многу години дека ќе се оженам со девојка многу помлада од мене, без никакво потекло од Њујорк или слични интереси од детството, и дека ќе биде корејско сираче – ќе му кажев: Нема шанси. Ќе се оженам со њујоршка актерка. Но не испадна така“, изјавил Ален за „Wall Street Journal“.