Македонија назадуваше на ФИФА листата

Макфакс

17/10/2025

14:26

342

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот.

Македонија се наоѓа на 65-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од две места.

Фудбалската репрезентација на Македонија, минатата недела одигра два натпревари во квалификациите за пласман на СП. Двете средби со Белгија и Казахстан завршија 1:1.

Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Албанија, Република Ирска, Буркина Фасо, Хондурас…

На новата ранг листата на ФИФА има промени во Топ 10. Германија е десетта, а Хрватска испадна од најдобрите 10 во светот.

На врвот е Шпанија, Аргентина ја скокна Франција на второто место, а Холандија е шеста, пред Бразил.

Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија.