Ламин Јамал ​​почна да наплаќа за автограм

Макфакс

17/10/2025

14:57

821

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал без конкуренција е првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста.

Јамал се најде во центарот на вниманието со одлуката дека повеќе нема да дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа.

Иако и самиот се уште е момче, 18-годишен тинејџер, под изговор на капитализам и најголем можен профит, реши да ангажира специјализирана страница за колекционери преку која ќе го продава својот потпис.

Тој доби понуда, објавува „Мундо Депортиво“, која ја прифати и ништо повеќе нема да биде бесплатно кај него.

Уште повеќе, тој дури нема да дава премногу автограми, бидејќи колку помалку има, толку се повредни и поскапи.

Ова не е ново во светото на спортот, ново е во Европа. Леброн Џејмс и Лионел Меси го прават тоа во САД.

Наводно, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Џејмс, од еден продаден автограм заработува и до 15.000 долари.