Марфи посочи што Вирц треба да испорача да има успешна сезона во Ливерпул

Дерби

17/10/2025

14:29

261

Големина на фонт

а а а

Флоријан Вирц е едно од клучните засилувања за Ливерпул во оваа сезона, но досега Германецот не се прослави и не успеа да го испорача она што се очекуваше.

Иако е рано за заклучоци, силни зборови, дел од англиската јавност почна да говори за него како промашување со оглед на тоа што нема ниту една асистенција, ниту погодок на натпреварите во Премиер лигата и Лигата на шампионите, но работите во фудбалот можат за брзо време да се променат и тоа добро го знае Дени Марфи.

Марфи целата своја кариера ја мина на островот, беше англиски репрезентативец, беше дел од Ливерпул, Тотенхем, тимови во реноме и традиција, па од искуство смета дека Вирц ќе проработи во иднина, а за идеална дебитанска сезона ќе бидат потребни тој да има двоцифрен број на голови и асистенции.

- Тешко е бидејќи мислам дека ако Ливерпул ја освои Лигата на шампионите или ја освои лигата, неговите бројки стануваат помалку релевантни, а микроскопот врз нив станува помал бидејќи има колективен успех.

- Ако тој ќе игра поголемиот дел од сезоната како играч како десетка, тогаш мора да се гледа, идеално, двоцифрен број асистенции и голови – тоа би било успех. Мислам дека тој беше малку несреќен во некои аспекти, иако мора да се прифати дека не започна толку добро како што очекувавме.

- Мислам дека немаше среќа бидејќи направи многу шанси кои не биле реализирани. Понекогаш, ако некои од нив одат во ваша корист – Салах промаши зицер против Евертон, Фримпонг промаши езицер, неколку против Галатасарај, прекрасната топка против Челси што Салах погрешно ја удри со десната нога. Одеднаш, наративот малку се менува ако неколку од нив влезат во игра, или ако не е толку интензивно.

- Видов толку многу работи што ми се допаѓаат кај него, можете да ја видите неговата класа, интелигенција и неговата визија. Мислам дека е малку изненаден од физичката природа на лигата и колку е интензивна и тешка, во секој натпревар. Во Бундеслигата веројатно имавте повеќе натпревари каде што ја контролираа топката и не се соочувавте со толку голем интензитет. На пример, помислете на натпреварот на гости против Њукасл, моќта на Арсенал – секој натпревар што го играте во Премиер лигата е физички тежок. Тоа е веројатно областа каде што тој најмногу се адаптирал, - истакна Дени за „Гол“.