[ВИДЕО] Брзо, вкусно и едноставно: Пиперки полнети со пилешко месо и сирење

Точка

20/10/2025

21:50

152

Големина на фонт

а а а

Ако не сте сигурни што да зготвите за ручек, пилешко и пиперки се одлична идеја – особено ако сакате нешто поразлично од вообичаените оброци со тие состојки. Дополнително, подготовката е многу едноставна, а јадењето – многу вкусно.

Рецептот го најдовме на Јутјуб каналот „Kuhinja za 10“, каде што можете да пронајдете бројни идеи за солени јадења.

Потребни состојки:

• пилешки гради
• маслиново масло
• една главица кромид
• сол и црн бибер
• димена црвена пиперка
• соја сос
• 200 мл. павлака за готвење
• свеж магдонос
• пиперки (црвени или жолти)
• пармезан или моцарела сирење

Подготовка:

Пилешките гради исечкајте ги на коцки и зачинете ги со маслиново масло, сол, бибер и димена пиперка, па добро измешајте. Кромидот ситно исечкајте го и динстајте го околу пет минути. Потоа додајте го месото и пржете уште 6–7 минути, додека не добие златна боја.

Додајте соја сос, павлака за готвење и свеж магдонос, па оставете да се динста неколку минути на тивок оган. Пиперките пресечете ги по должина и оформете ги како „чамци“, па наполнете ги со подготвеното месо.

Печете во претходно загреана рерна на 220°C околу 15 минути. На крај, наросете со рендан пармезан или моцарела и печете уште 5 минути, додека сирењето не добие златно-кафена боја.