Интересна статистика: Кој е „подобар“ откако замина од Европа – Меси или Роналдо?

Точка

25/10/2025

20:38

531

Големина на фонт

а а а

Вечната дебата – Лионел Меси или Кристијано Роналдо – продолжува и денес. Иако двајцата се во „поодминати“ фудбалски години (Меси има 38, а Роналдо 40), тие и понатаму пружаат врвни партии.

Меси доминира во Америка, односно за Интер Мајами додека Роналдо го прави истото во Саудиска Арабија за Ал-Наср.

Головите ги постигнуваат како на лента, а интересна статистика што се појави на социјалните мрежи ги споредува нивните настапи откако ја напуштија Европа.


За потсетување, двајцата во 2023 година заминаа од Стариот континент – Роналдо од Манчестер Јунајтед, а Меси од ПСЖ.

Оттогаш, Роналдо одиграл 118 натпревари за Ал-Наср, а Меси 82 за Интер. Португалецот постигнал 105 гола, додека Аргентинецот 71.

Кога станува збор за асистенции, Меси е многу подобар и има 36, додека Роналдо асистирал „само“ 21 пат. Во поглед на голови од пенали, Роналдо е доминантен – постигнал дури 27 голови од белата точка, додека Меси само четири.


Меси пак, има повеќе голови од слободни удари – 6:5, а исто така повеќепати бил најдобар играч на натпреварот. Тоа му пошло од рака 37 пати, а на Роналдо – 25.

И на крајот, Меси откако ја напушти Европа освои два трофеи, додека Роналдо сè уште го чека својот прв трофеј.

Кога ќе се соберат сите бројки и ќе се направи споредба, сè се сведува на лични преференции – кој кому му е подобар и чии статистики се повпечатливи. Но, она што е важно е дека двајцата се врвни играчи кои одбележаа една ера.