Тажна вест: Македонската кошарка остана без битолската легенда Зоран Петковски

Дерби

25/10/2025

18:22

2.694

Големина на фонт

а а а

Македонската кошарка денеска го загуби Зоран Петковски, човекот кој беше синоним за овој спорт во Битола, градот во кој ја започна и својата успешна кариера како играч.

Кошаркарскиот клуб Пелистер денеска објави дека македонската кошаркарска и спортска сцена остана без харизматичниот Петковски, човекот кој настапуваше за повеќе клубови во нашата земја, подоцна беше тренер, па и член на раководството на КК Пелистер.

– Со голема тага ја примивме вест за прераната смрт на Зоран Петковски, битолската кошаркарска легенда и човекот кој во животот направи многу за КК Пелистер.

– Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер,па Радовиш…

– Очекувано, кога ја почна тренерската кариера тој седна на клупата на КК Пелистер, тим со кој обезбеди влез во елитното друштво. Пред неколку години тој беше и дел од управата на „пелистерци“.

Битола загуби спортска легенда, Сочувство до семејството, – стои во клупското соопштение на битолскиот прволигаш.

Ин Мемориам - Зоран Петковски (1978 – 2025)

Со голема тага ја примивме вест за прераната смрт на Зоран Петковски,...

Posted by КК Пелистер Битола on Saturday, October 25, 2025