Манасков го одби повикот на Лазаров: Нема да настапувам за македонската репрезентација

Дерби

25/10/2025

15:58

2.726

Големина на фонт

а а а

Дејан Манасков игра во одлична форма во дресот на Еурофарм Пелистер, а неговите изданија му донесоа и повик од селекторот Кирил Лазаров за пријателските натпревари со Јапонија.

Одлуката на Лазаров беше поздравена од македонската ракометна јавност, но искусното крило денеска објави дека нема да го прифати повикот и не планира да се врати во националниот тим.

– Почитувани, Би сакал да ја информирам цела македонска јавност и сите медиуми дека во моментов, за доброто на националниот тим, нема да настапувам за македонската ракометна репрезентација. Ќе бидам искрен и краток во моето обраќање и објаснување на одлуката. Во изминатите единаесет години, колку што настапував за македонската селекција, секогаш со чест и гордост го носев светиот дрес.

Posted by Dejan Manaskov on Saturday, October 25, 2025

- Се борев и настапував секогаш со цело срце. Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени и не гледам простор во моментов истите да се подобрат. Последните две години неправедно бев неповикуван.

– После сè што дадов, чувствувам дека Македонија премногу лесно се откажа од мене. Тоа премногу ме погоди и после долго размислување ја донесов оваа одлука. Им посакувам многу среќа и успех на репрезентативците во следниов период. Дотогаш ќе бидам ваш најголем навивач и поддржувач. До некое следно видување Македонијо!“, порача Дејан Манасков.