[ФОТО] Погледнете што се подготвува над Европа – метеоролозите ги открија деталите, какво време ја очекува Македонија?

Точка

27/10/2025

21:11

2.118

Големина на фонт

а а а

Потоплото море од вообичаено дополнително влијае на есенските временски услови, што би можело да го отежне преминот кон зимата.

Почетокот на ноември носи побурни услови ширум Европа, пренесува „Severe Weather Europe“.

Бурата Бенџамин веќе го зафати западниот дел од континентот, а во наредните денови се очекуваат обилни врнежи и зголемен ризик од поплави поради интензивните циклони.

Температурата на морето, особено во Средоземјето, моментално изнесува меѓу 1,5 и 3 степени Целзиусови повеќе од просекот, што ја зголемува количината на влага во атмосферата и создава услови за пообилни врнежи, особено во планинските подрачја како што се Алпите, Пиринеите, Апенините и Динарските Планини.


Во некои региони би можело да наврнат и до стотина милиметри дожд во текот на следните две седмици, што значајно ја зголемува опасноста од поплави.

Кон средината на неделата се очекува доаѓање на потопол воздух којшто ќе ја зголеми температурата над просекот, најмногу во јужна, западна и средна Европа.

Времето во Македонија

Денешниот ден започна под облаци – со повремени локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, со можност за ретки грмежи. 

Во западните делови од земјата ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, додека на исток ќе преовладува слаб ветер од променлив правец.

Утре ќе нè следи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, најмногу во северните и источните предели. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието, што ќе донесе посвеж воздух и појасно небо во вечерните часови.


Во Скопје, времето ќе остане променливо облачно, со краткотрајни врнежи и умерен северен ветер.

До крајот на неделата очекувајте периоди на стабилизирање и разведрување, но и нова промена кон крајот на денот – со услови за локален дожд во северозападните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурите ќе останат во просек за овој период од годината.

Сончевите интервали ќе се враќаат постепено, најдоцна до сабота, кога се очекува потопол и посув викенд.