Карагер: Шампион да загуби четири натпревари…

Дерби

27/10/2025

12:51

372

Големина на фонт

а а а

Ливерпул доживеа нов пораз во Премиер лигата, четврти во низа и тоа на гостувањето во Лондон кај Брентфорд (3-1).

Сите навивачи на „црвените“, па и љубителите на фудбалот очекуваа реакција од тимот на Слот, но наместо ново лице и победа актуелниот првак доби нов шамар по кој веќе заостанува седум бода во однос на лидерот Арсенал и тоа по девет одиграни кола.

Легендата на клубот Џејми Карагер беше брутално искрен и порача дека последниве резултати покажуваат една работа, а тоа е дека Ливерпул е во криза.

- Не мислам дека имаат доволно [физичка сила]. Да се загубат четири натпревари по ред за тим како Брентфорд, или тим кој се бори за опстанок, би било катастрофа. Да ги видиме шампионите како губат четири натпревари по ред, со трошоците во лето, мислам дека сме во криза.

- Ќе бидат поставени многу сериозни прашања до сите, и од играчите и од менаџерот. Кога ќе видат колку потрошиле, ќе бараат многу повеќе. Ливерпул мора да ја разгледа физичката способност и висината во својот тим бидејќи, во моментов, не мислам дека имаат доволно, - порача Карагер за „Скај Спортс“.

Ливерпул до репрезентативната пауза го очекуваат пресметки со Кристал Палас, Астон Вила, Реал Мадрид и Манчестер Сити, три од четири натпревари кои ги игра на домашен терен што е можност екипата да се врати затоа што „Енфилд Роуд“ знае секогаш да го извлече најдоброто од нив.