Јуриќ незадоволен од бодот против Милан: Постоеше само еден тим на теренот

Дерби

29/10/2025

12:26

262

Големина на фонт

а а а

Аталанта прими гол во раната фаза од натпреварот со Милан и тоа се покажа како голем удар во амбициите да се брка победа, особено во ситуација кога тимот на Иван Јуриќ се претвори во специјалист за реми од стартот на сезоната.

Тимот од Бергамо беше подобар ривал на теренот и може да жали што не профитираше од подобрата игра и иницијативата која ја имаше, но на крајот, Јуриќ мораше да се помири со петто реми во низа, седмо во Серија А во новата сезона во Италија.

– Доминиравме од почетокот до крај, со исклучок на првите 5 минути во второто полиувреме. Бевме трипати подобри од Милан кој имаше само еден шут кон голот, кој за жал заврши во мрежата, – изјави Јуриќ по ремито со резултат 1:1.

– Постоеше само еден тим на теренот, треба да жалиме што освоивме само бод, бидејќи ги заслуживме сите три. Морам да бидам задоволен од овие момци, иако одамна не сме забележале победа.

– Момците досега не одиграа ниту еден лош натпревар, со исклучок на едно полувреме со Кремонезе. Ако продолжиме вака, победите ќе дојдат сами по себе, – изјави Јуриќ.

Аталанта останува единствен непоразен тим во Серија А, но тимот од Бергамо има биланс од само две победи и дури седум реми средби.