Тони Крос минатата сезона на големо го фалеше Ханси Флик и порачуваше дека е воодушевен од фудбалскиот стил кој го наметна во Барселона, но сега, исто така нема проблеми да посочи дека тренерот бил главен виновник за „Ел Класико“ поразот кој го претрпе неговиот тим на „Сантијаго Бернабеу“.
По четири последователни победи минатата сезона, Барселона падна на гостувањето во шпанската престолнина, а Крос смета дека Ханси Флик со една неочекувана работа му ја олеснил работата на Реал со една одлука во стартниот тим.
– Не можам да разберам зошто во срцето на одбраната на Барселона играше Ерик Гарсија наместо Араухо. Гарсија е технички попоткован од Араухо, но Араухо ја имаа таа физичка сила и таа способност да ги брка ривалите, нешто што е клучно кога се браните со висока зона. Тој ќе беше идеален избор на дефанзивец во дуелите со Винисиус и Мбапе.
– Кога имаш за ривали играчи од таков тип, треба да селектирате некој што може да го израмни тој ритам. Тоа го можеше само Араухо, па затоа останав изненаден од одлуката на Ханси Флик, – вели Крос, кој додава дека Барселона го чувствува отсуството на Ињиго Мартинез, стопер кој не беше соодветно заменет.
– Коментирав и минатата сезона дека Ињиго е многу важен за Барселона, тој беше стоперот кој знаеше како да игра под притисок и како да ја изнесе топката. Против Реал и тоа како се почувствува неговото отсуство, поготово во изнесување на топката во ситуација кога момците на Чаби Алонсо правеа притисок, – порачува Германецот.







