Патникот и креаторот на јутјуб содржини Габриел Морис, патува низ светот повеќе од три децении.
Тој посетил шест континенти и точно 100 земји, но вели дека постои едно место кое целосно го разочарало и во кое никогаш повеќе не би сакал да се врати.
Со повеќе од 613.000 следбеници на Јутјуб, видеата на Габриел за патување привлекуваат големо внимание. Неговите искуства, совети и искрени впечатоци често предизвикуваат бурни реакции меѓу љубителите на патување.
Во своето видео со наслов „Бев во 100 земји – кое место е најлошо?“, открил дека Персискиот залив е дел од светот којшто најмалку го импресионирал.
„Персискиот залив ми делува како место без душа“
„Видов поголем дел од светот и во многу земји се враќав повеќе пати. Но, ако морам да издвојам едно место кое најмалку ми се допадна тоа е Персискиот залив“, рекол Габриел.
Иако Иран којшто својот залив го нарекува Персиски, не го посетил и смета дека таа земја „изгледа неверојатно“, поголем дел од земјите кои лежат во должината на заливот, според негово мислење, немаат многу убави работи да понудат.
„Сѐ изгледа исто – огромни згради и празни улици“
Во текот на своите патувања, Габриел ја обиколил Саудиска Арабија, Кувајт, Бахрејн, Катар и Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи ги и Дубаи и Абу Даби. Сепак, ниту едно од тие места не оставило посебен впечаток за него.
„Градовите се огромни, но безлични. Улиците се празни, освен автомобилите кои се тука. Нема живи пазари, улични уметници, локална енергија. Сѐ делува стерилно и безживотно“, вели тој.
Тој додава дека авенијата е широка и тешка за пешаци, а освен купување во трговските центри или одење во ресторан, нема други работи кои може да ги правите. Алкохолот во поголем дел од земјите е забранет, што дополнително го намалува чувството на слобода за туристите.

„Би можеле да ме спуштите било каде – и не би знаел каде сум“
Нарекувајќи ги градовите покрај Персискиот залив „места без душа“, Габриел истакнува дека сите се изградени на сличен начин, па тешко би можело да препознаете во кој град се наоѓате доколку не видите некој препознатлив симбол.
„Сите градови се чисти и безбедни, но за мене како патник, го немаат она нешто – нема спонтаност, нема идентитет“, објаснил тој.
„Локална култура речиси нема – се е раздвоено“
Уште една причина поради која овој дел од светот не ми се допадна е недостатокот на контакт со локалните жители.
„Поголем дел од луѓето кои ќе ги сретнете не се локалци туку работници од Индија, Пакистан или Бангладеш. Тие работат во рестораните, хотелите, трговските центри. Локалната популација е во недостаток и ретко ги сретнувате“, вели Габриел.
Поради тоа, како што објаснува тој, искуството ја губи автентичноста, туристите не можат да го почувствуваат духот и културата во земјата во која престојуваат.

„Ме испитуваа поради снимањето – беше траума“
Габриел во текот на престојот во Кувајт имал непријатно искуство.
„Снимав во близина на една палата, иако внимавав да не ја насочам камерата кон чувствителни објекти. Сепак, обезбедувањето ми пријде и ме повика да дојдам. Ми поставија прашања што снимам и зошто. На крај ме пуштија, но тоа искуство беше стресно“, признал тој.
Додал дека во тој момент почувствувал страв и несигурност затоа што не знаел како ќе заврши ситуацијата.
„Можеа лесно да ме однесат во канцеларија и цела работа да добие посериозен тон. Тогаш само сакате да си одите и повеќе никогаш да не се вратите таму“.
„Не се лоши места за живеење, но за патниците се здодевни“
На крај, Габриел истакнал дека не сака да навреди ниту една од тие земји, но останува на својот став дека Персискиот залив не му дава доживување кое го бара во патувањата.
„Тоа се безбедни и чисти земји, можеби добри за живеење со семејство. Но, за патниците кои бараат автентичност, енергија и душа тие едноставно не се интересни“, заклучил Габриел Морис.











