[ВИДЕО] „Изгледа изгубено“: Морган Фримен ги загрижи фановите со својот изглед и однесување

Точка

04/11/2025

14:49

773

Големина на фонт

а а а

Легендарниот актер Морган Фримен (88) ги загрижи своите обожаватели поради неодамнешното појавување на ТВ фестивалот во Монте Карло, каде што ја промовираше својата нова серија „The Gray House“.

Неговиот кршлив изглед и моменти во кои делуваше збунето предизвикаа бројни реакции и загриженост на социјалните мрежи.

Јавноста е вознемирена

За време на интервјуто кое го даваше заедно со актерката Дејзи Хед, изгледаше како Фримен да задремал на момент. Дополнителна загриженост предизвикаа и фотографиите од црвениот тепих, на кои се гледа како актерот се потпира на раката на својот асистент додека оди.

Во јавноста се појави и видео-снимка на која Фримен оди низ ходник, додека луѓето околу него му аплаудираат и го бодрат. На крајот од снимката, тој застанува и се потпира на ѕид, што дополнително ја зголеми загриженоста на фановите.

На социјалните мрежи веднаш следеа реакции:

„Изгледа толку кревко“, „Како да го боли нешто“, „Пуштете го човекот да се одмори“, „Изгледа збунето“, „Многу ме растажи, навистина остарел“, „Како да е изгубен, не знае што треба да прави“ – се само дел од бројните коментари во кои обожавателите изразуваат загриженост за неговото здравје и го повикуваат да се повлече во пензија.


Ракавица како потсетник на тешката несреќа

Многумина повторно ја забележаа ракавицата на неговата лева рака, која претставува постојан потсетник на тешката сообраќајна несреќа од 2008 година.

Во таа несреќа, нервите во неговата рака биле сериозно оштетени, поради што таа останала парализирана.

Оттогаш, Фримен носи компресиска ракавица која ја поттикнува циркулацијата и спречува натрупување на крв.

Како последица на несреќата, актерот боледува и од фибромијалгија – состојба што предизвикува хронична болка и може да го објасни неговиот понекогаш исцрпен изглед.


Не се откажува од актерството

И покрај здравствените предизвици, Фримен повеќепати изјавил дека нема намера да се повлече или да ја забави својата кариера.

Холивудската легенда и понатаму е активна – неодамна престојуваше во Лондон, каде што снимаше продолжение на филмот „Down to London“.

Иако неговата страст кон глумата е несомнена, обожавателите се надеваат дека ќе најде време и за заслужен одмор, бидејќи, како што велат, „дури и најголемите легенди заслужуваат да се смират и да се грижат за себе“.