Ноќеска во 00:08 часот на улицата „Првомајска“ во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово ги лишија од слобода Т.П.(32) и Р.А.(28), двајцата од село Миравци, гевгелиско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта.
Додека, при преглед во возилото, во кое сопатник бил Р.А., е пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот, против Т.П. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.







