[ФОТО/ВИДЕО] Ноќевање во прекрасна хотелска соба на Ибица – целосно бесплатно, условите се „едноставни“

Супермен

18/11/2025

11:46

414

Големина на фонт

а а а

На Ибица постои хотел со име „Paradiso Art“ којшто има една специфичност, а тоа е бесплатна соба која е направена од стакло.

Станува збор за „Амартманот нула“ („Zero Suite“) во овој луксузен хотел. Како што пренесуваат странските медиуми, оваа соба веројатно е единствената хотелска единица на светот која има нулта цена, но и максимална изложеност.

Еве што мора да потпишете

Овој апартман којшто е сместен среде хотелското лоби, опкружен е со ѕидови од целосно проѕирно стакло. Додека гостите од хотелот безгрижно пијат пијалак во барот или се пријавуваат на рецепција, тие истовремено стануваат публика за оние кои престојуваат во „Апартманот нула“.


Четири „едноставни“ правила кои гостите мора да ги потпишат за да добијат клуч од бесплатниот стаклен рај:

1. Станувате реалити ѕвезда. Мора да потпишете согласност дека секој смее да ве снима и фотографира додека сте внатре (освен во делот на бањата којшто е приватен“.

2. Престојувањето е ограничено на само едно ноќевање.

3. Внатре може да престојуваат две лица.

4. Може да преноќите само еднаш во една календарска година.

Хотелските претставници потврдиле дека за собата, без оглед на бизарните правила, побарувачката е исклучително висока, а се користи и за уметнички перформанси, радио-емисии и други медиумски проекти.


Дали вреди?

Прашањето за милион гласи: Дали би се откажале од својата приватност за едно бесплатно, но и несекојдневно ноќевање на Ибица?

Додека собата целосно е опремена со луксузен мебел (кревет, маса...), факт е дека сте изложени на погледите од луѓето, минувачите во текот на 24-те часа, а тоа го прави овој престој вистински тест за храброст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk