[ВИДЕО] Една од најплатените манекенки од 80-тите се сними во долна облека: „Несовршеностите нè прават совршени“

Супермен

20/11/2025

12:37

779

Големина на фонт

а а а

Чешката манекенка Паулина Порижкова гордо позирала во долна облека охрабрувајќи ги сите жени кои ја следат на социјалните мрежи да се чувствуваат удобно во сопствената кожа.

Во описот, таа навела дека и таа, како и многу други е „зависна“ од гледање снимки од луѓе како се облекуваат, a додала дека ужива гледајќи ги снимките што ги објавува нејзината пријателка, фотографката Дениз Бумкенс.

„Исто така е вистина дека најчесто ми е здодевно да се облекувам. Секогаш се чувствувам како тоа да ми е обврска. Затоа, еве ви покажувам што всушност правам за да го започнам денот, што најчесто е седење пред компјутерот и пишување“, објавила таа.


На своите следбеници на Инстаграм им порача дека ако се како неа, ќе го погледнат нејзиното тело и ќе помислат: „О, ни таа не е совршена“.

„Потоа можете малку да здивнете и да го прифатите „вашето несовршено јас“ и да му дадете малку љубов, бидејќи нашите несовршености се она што нè прави совршени оригинали“, нагласила манекенката.


Инаку во 1988 година, Порижкова го потпиша она што беше најплатениот договор за моделинг: договор од 6 милиони долари со Есте Лодер, заменувајќи го Вилоу Беј.


Таа е родена во 1965 година во тогашна Чехословачка. Се преселила во Шведска со своето семејство во 1968 година за да ја избегне инвазијата на Варшавскиот пакт. Во Шведска, таа станала актерка и манекенка со светски позната кариера.


Работела на кампањи за брендови како што се Шанел, Версаче, Хермес, Кристијан Диор, Оскар Де Ла Рента, Микимото, Пери Елис, Лаура Биаџоти, Ен Клајн, Елен Трејси, Барнис Њујорк, Ен Тејлор и Ревлон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk