[ФОТО] Нов геџет кој обичните часовници ги претвора во паметни

Супермен

01/04/2026

19:50

371

Големина на фонт

а а а

Додека паметните часовници стануваат сè понапредни, еден од главните проблеми е компромисот меѓу технологијата и дизајнот. Така, на пазарот на часовници се појави решение за сите оние кои сакаат класични часовници, но и паметни функции.

Компанијата „Ganance“ од Чикаго претстави уред што ги претвора обичните рачни часовници во паметни. Уредот, наречен „Heir“, е со големина на паричка и со помош на микро-вакуумска подлога се прицврстува на задната страна од часовникот, пишува „Форбс“.

Кога уредот ќе се прицврсти на часовникот, потребно е да се поврзе со мобилна апликација, за да можете да ги следите вашите активности и нотификации во текот на денот.

Главни карактеристики

Идните сопственици на овој уред ги очекуваат различни функции:

следење активности (чекори, калории, поминати километри)

примање повици, пораки и нотификации од апликации преку вибрации

контрола на медиуми со допир

се поврзува со апликацијата „Ganance“  и се синхронизира со „Apple Health“/ „Health Connect“.

Уредот може да се поврзе со кој било часовник и е компатибилен со „iOS“ и „Android“ уреди.


„Heir не може да го оштети вашиот часовник. Уредот не користи магнети и не бара алат или модификации. Се прицврстува со помош на технологија на микро-вшмукување – илјадници ситни воздушни џебови што создаваат сигурно прицврстување без оштетување. Доволно е цврст за да остане на место при секојдневно носење, но и доволно флексибилен за да се отстрани и да се префрла меѓу часовници неограничен број пати“, истакнуваат на веб-страницата на компанијата.

Батеријата трае до 42 часа со едно полнење. Во пакетот доаѓа УСБ-Ц полнач, а полнењето трае околу еден час.

Спецификации

Дијаметар: 30 мм

Висина: 3 мм

Тежина: 5 г

Траење на батеријата: 42 ч

Компатибилност: „iOS/Android“ уреди.


За помодерни часовници

Од компанијата наведуваат и дека „Heir“ е дизајниран да работи на повеќето модерни часовници со рамна или благо закривена задна страна. Идеален е за часовници пошироки од 34 мм. Доколку часовникот има гравура, приспособувањето на уредот може да варира.

Идејата произлегла од потребата да се зачува изгледот на обичниот рачен часовник, бидејќи паметните часовници се доста гломазни.


Цена

Уредот моментално чини 149 долари и е достапен за преднарачка. Нема претплата, а сите основни функции и идни софтверски надградби се вклучени во цената.

Во моментов има повеќе од 2.000 преднарачки, а сите што досега се направени ќе бидат достапни за испорака во текот на пролетта оваа година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk