Актерката Елизабет Харли летово наполни 60 години, а многумина се согласни дека изгледа како топ-модел. Нејзиното извајано тело е како нацртано, а фотографиите во бикини ги гледаат и жените исто колку и мажите.
Сега Елизабет Харли на својот Инстаграм профил споделила фотографија која за само неколку часа предизвикала вистинска еуфорија. Скоро 30.000 допаѓања за фотографијата на која актерката позира во бикини, а коментарите не престануваат да се нижат.
Елизабет Харли и нејзината мајка Анџела ги оставиле следбениците без здив кога ги покажале своите неверојатни, безвременски фигури во бикини со леопардски принт.
Анџела, која неодамна наполнила 85 години и нејзината ќерка се во неверојатна форма.
Елизабет која во бикини од истиот бренд позирала пред неколку денови изгледа како и секогаш беспрекорно, покажувајќи ја својата затегната фигура на тело во предизвикувачки дводелен костим за капење.

Фановите едноставно се воодушевени и коментираат дека прекрасната актерка не старее.
Се согласувате ли и вие со нив?