[ВИДЕО] „Не цедете лимон, вака јас го започнувам денот во зима“: Д-р Чубрило вели дека сите сме биле во заблуда околу утринските навики

Точка

10/12/2025

21:00

2.800

Големина на фонт

а а а

Д-р Дејан Чубрило, професор по медицинска физиологија и специјалист по спортска медицина, го нарекува кортизолот „хормон на животот“ и објаснува колку за нас е важно неговото зголемување наутро и до кој степен начинот на кој го започнуваме денот е клучен за неговото регулирање.

Кога ќе се спомене зборот „кортизол“, сите прво помислуваат на „хормонот на стрес“. Конотацијата е негативна, дури и страшна. Врежано е мислење дека треба да го одржуваме на најниските можни вредности – што е сосема спротивно на реалните потреби на нашиот организам. За да ги задоволиме, неопходно е да ги нахраниме клетките по будењето за да добиеме енергија и соодветна количина на споменатиот хормон.

Чај од куркума, па појадок од повеќе делови

– Лично, во зима го започнувам денот со чај од куркума бидејќи го грее телото. Можете да ставите и неколку капки лимон – не цел, бидејќи не е добар за стомакот. Комбинацијата од врела со малку ладна вода е првата хидратација што ни е потребна наутро. Дали ќе се истуширате потоа, дали ќе појадувате пред туширање, зависи од вас. Ако ви годи да појадувате, треба да појадувате“, го започнува разговорот за „Жена.рс“ д-р Дејан Чубрило.


Тој понатаму објаснува дека не постои универзално правило во врска со видот, количината и редоследот на намирниците што ги јадеме наутро.

„Јас во текот на работната недела, немам емоционална сила во желудникот да обработам силен појадок. Наместо тоа, јадам грст бадеми. Порано тоа во Далмација се викаше маренда. На овој начин, го прекинував постот, односно ноќното гладување. Моите клетки нешто добиле и можат да создаваат енергија. Потоа, кога ќе помине еден час, си велам: 'Сега ќе изедам една урма и три џимиринкиќ. И, на пример, околу 10 часот наутро избирам нешто конкретно.

Конкретен оброк за прилив на енергија

На прашањето што подразбира под „конкретен оброк“, д-р Чубрило истакнува дека тоа може да биде која било храна што ја имаме во фрижидерот.

„Често ми велат: 'Докторе, немам време да готвам'. Меѓутоа, тоа може да биде и нешто од завчера, како на пример, парче месо со една лажица палента.“

И тука не е и не мора да биде крајот на нашиот појадок.

„По еден или два часа, земам, на пример, уште 15 бадеми или зелена салата со пињоли. Сепак, некој ќе каже дека сака јајца наутро, а пињоли подоцна, а некој прво ќе изеде бадеми, урми, пињоли и на крај јајца. Нема правила. Единствено важно е да внесувате барем малку храна во еден оброк за да ви даде барем мал поттик на енергија, на која ќе „сурфаме“. Храната го крева кортизолот, а кортизолот ни е потребен наутро“, нагласува докторот, а потоа особено предупредува:

„Не спуштајте го! Кој и да го спушти наутро, тој нема енергија!“

По 18 часот, кортизолот е вишок

Кортизолот колоквијално го нарековме „хормон на стресот“, но д-р Чубрило наведува на кој начин тој придонесува за нашата функционалност во најголемиот дел од денот.

„Тој се лачи наутро и трае до 17 или 18 часот. Ако го немаме доволно, тогаш не сме продуктивни, односно функционални. Ние јадеме и се движиме за да го „провоцираме“, а тој нè штити од воспаленија и го одржува нивото на шеќерот во крвта. Тоа е добро. Тој мора да биде тука“, нагласува докторот.

А кога не треба?

„Од 18 часот до спиење. Тогаш не треба да го „провоцираме““, истакнува д-р Дејан Чубрило и на крај потсетува дека дури ниту кафето на празен стомак не предизвикува голема штета како што мислиме, како и дека е важно да живееме и функционираме според личните потреби – сè додека сме умерени.