Полна со магнезиум, има 5 пати повеќе витамин Ц од портокалот: Намирница која може да регулира 5 клучни работи во организмот

Точка

11/12/2025

13:42

1.122

Големина на фонт

а а а

Советот од нутриционистите е јаткастите плодови да ги вметнувате во исхраната што почесто, а особено индиските ореви.

Јаткастите плодови се задолжителен дел од трпезата особено во текот на постот, поради големата количина минерали, добри и незаситени масти и витамини. Секако, за количините треба да внимавате затоа што поголем дел од таквите намирници содржат многу масти.

Советот на нутриционистите е јаткастите плодови да ги вметнете во исхраната, а особено индискиот орев.


Според „Healthline“, индиските ореви потекнуваат од Бразил, доаѓаат од тропските дрвја на индиски орев и имаат облик на бубрег. Познати се не само по својот пријатен вкус туку и како вистинска нутритивна бомба.

Редовното консумирање индиски ореви може да помогне во целокупното здравје на организмот.

Според базата на податоци „FoodData Central“, околу 28 грама непечени, несолени индиски ореви содржат околу 157 калории, 5 грама протеини, 12 грама масти, 9 грама јаглехидрати и 1 грам растителни влакна.

Овој нутритивен профил значи дека содржат речиси ист број протеини колку и иста количина варено месо.

Индиските ореви се најбогати со витамин Ц којшто го содржат пет пати повеќе од портокалот. Покрај тоа, имаат и голема количина витамин К, фолна киселина, магнезиум, цинк, калциум, селен, фосфор, бакар, антиоксиданти и мононезаситени масти.

Како и лешникот, содржат олеинска киселина која е значајна за превенција на кардиоваскуларни заболувања и јакнење на срцето.


Мононезаситените масти се важни за заболените од дијабетес затоа што го регулираат нивото на инсулин и ги намалуваат триглицеридите. Во индискиот орев нема холестерол.

Некои студии покажале дека за превенција на создавање камен во жолчката добро е да консумирате по неколку индиски ореви дневно. Неговите антибактериски својства влијаат на уништувањето на бактериите и паразитите. Поради големата количина растителни влакна, одлични се за подобрување на дигестивниот систем и процесот на варење.