Минатата недела заврши првенството во Формула 1, многу возбудливо, а титулата шампион со последната трка ја обезбеди Ландо Норис.
Британскиот возач сепак не е „шампион“ по пари кои ги заработил меѓу возачите.
Возбудувањето траеше до последната кривина во сезоната, а на крај Норис заврши за 2 поени пред Макс Ферстапен. Сепак, Холанѓанецот е шампион во освоени пари, а пред првакот на светот е и неговиот постар колега од Велика Британија, Луис Хамилтон.

Макс Ферстапен заработи вкупно 76 милиони долари сезонава. Платата му е 65 милиони, а на своја сметка додал уште 11 милиони од бонусот којшто му следи по договор.
Втор на листата е Луис Хамилтон којшто има астрономска плата од 70 милиони, а вкупно заработил само 500.000 евра повеќе од тоа. Седумкратниот светски шампион сезонава не возеше добро, па немал ниту посебно остварени бонуси.
На третото место е Ландо Норис како шампион на светот. Вкупно заработил 57,5 милиони евра. Многумина не очекуваа сезонава на шампионското место да се најде Норис и да ја земе титулата, но таа му донела вкупно 39,5 милиони евра бонус, додека пак тој имал плата од 18 милиони.
Интересно е тоа што Кими Антонели којшто е дебитант заработил 12,5 милиони долари. Платата му била пет милиони, додека пак останатиот дел го заработил на патеките.

1. Макс Ферстапен – 76 милиони долари
2. Луис Хамилтон – 70,5 милиони долари
3. Ландо Норис – 57,5 милиони долари
4. Оскар Пјастри – 37,5 милиони долари
5. Шарл Леклер – 30 милиони долари
6. Фернандо Алонсо – 26,5 милиони долари
7. Џорџ Расел – 26 милиони долари
8. Ленс Строл – 13,5 милиони долари
9. Карлос Саинц – 13 милиони долари
10. Кими Антонели – 12,5 милиони долари