[ВИДЕО] Празнична љубов и магија: „Иде Нова Година“ – Павле Камилоски и детскиот хор „Крешендо“ во волшебен видео запис

Точка

12/12/2025

16:20

467

Големина на фонт

а а а

Песната „Иде Нова Година“ на познатиот македонски пејач Павле Камилоски конечно доби свој видео запис, кој го носи празничниот дух директно до гледачите.

Музичкото парче, кое ја освојува публиката со ведра и магична атмосфера, е создадено во соработка со Дамир Пух и Наташа Миха (музика и аранжман), Ксенија Николова (текст), а Дамир Пух се погрижи и за микс и мастеринг во студиото GreenRoom Sound.

За дополнителна празнична нота се погрижи и трубата на Сенад Усеин, а магичната детска енергија ја внесува детскиот хор „Крешендо“, кој учествува и во песната и во видеото, заедно со диригентките Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска.

Видеото, продукција на Александар Ристовски Принц, ја прикажува веселата и топла атмосфера на празниците, а големо изненадување за фановите е што во спотот се појавува и сопругата на Павле, Ирина Камилоска. Заедно тие носат чувство на љубов и семејна хармонија, што дополнително ја нагласува пораката на песната за нови почетоци, радост и магија.


Текстот на песната повикува на верба во исполнување на желбите и уживање во моментите со најблиските:

„Градот светнува, магија во секој час, детска возбуда владее во сите нас.
Замижи и замисли, ти што посакуваш, желбата се исполни, да, да, пред тебе стојам јас“.

Рефренот, кој е вистински празничен момент, ја носи пораката за љубов и нови почетоци:

„Иде Нова година, иде и нова љубов знам, цела нова приказна… за мене и за тебе ќе биде волшебна.
И заедно сме сите сега, низ смеа, игра, малку шега, се поминува, јас и ти танцуваме, баш под ѕвездите, а тие за нас плетат нешто, без да знаеме“.


Со ова видео, „Иде Нова Година“ станува совршен избор за празничните денови, пренесувајќи позитивна енергија, детска радост и убави емоции за сите генерации.

Автор: Ц.Н.