[ФОТО] Воодушевена публика во Битола по премиерата на „Утре наутро“ на Јани Бојаџи

Точка

15/12/2025

12:09

217

Големина на фонт

а а а

Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи после четирите распродадени сали во Скопје, премиерно беше прикажан во киното „Браќа Манаки“ во Битола. Во главните улоги сe: Нина Деан и Ирена Илиевска, а останатите улоги ги толкуваат: Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојаноски, Васил Зафирчев, Петар Горко, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска, Димитрина Мицкоска.

Бројната публика имаше можност да го проследи филмот кој според критиките заслужува внимание. По проекцијата гостите имаа можност да се дружат со режисерот, дел од тимот и актерската екипа и да дискутираат за филмот.


``Утре наутро`` е независен филм, снимен без пари од државата. А тоа е сосема друг вид на одговорност кон оваа работа. Јас сакам да знам дека сум направил се за филмот да стигне до својата публика. Во принцип ова што јас го правам е вообичаено по светот, каде што луѓето се вложиле себе си и веруваат во тоа што го направиле. Се чуствувам како човек кој служи на своето дело, а не на државни службеници на кои треба да им пополни прашалник со афирмативни реченици. Во таа смисла, навистина сум благодарен на прекрасната публика во Битола која филмот го прифати со воодушевување. Можеби и со вознемирување, што е очекувано од филм кој има за цел да ве исправи пред самите себе си?! Но и со оптимизам. Со верба во идеата за подобар живот. Макар и тоа да е ``утре наутро``! “, изјави режисерот по премиерата и додава:

„За жал, ние сме народ кој не учи од себе самиот, а не пак од уметност или од филм! Сепак, филмот е дихотомна уметност. Филмот може да не забавува учејќи не, но и да не научи забавувајќи не. Јас верувам дека од ``Утре наутро`` има многу што да се научи. Но, ако од тие многу можности, оној за мене непознат гледач што ќе дојде во кино и ќе го изгледа

филмот – ако тој човек научи дека само неговото човечкото достоинство ќе го спаси од сите беди, без разлика на тоа дали се материјални, социјални или пак духовни, јас ќе бидам задоволен дека сум направил дело кое може да се нарече добар филм“.


И битолскиот актер Петар Горко задоволен од премиерата во Битола.

„Навистина го чекав денот да го видам филмот, секако дека возбуда имаше, ама со оглед на тоа што јас не ја знаев целата приказна, односно ја имав само линијата на мојот лик како се движи во целото сценарио. Возбудата за време и после филмот се претвори во грутка во стомакот, силни емоции, прашања, одговори ме преокупираа мене лично, а и моите пријатели и семејството. Да ова е филм за сите нас, горчлив како нашата македонска судбина , кажана многу директно и отворено како што треба секој Македонец режисер тоа да го прави, но по се изгледа дека само Јани Бојаџи е таков. Секоја чест. Боли навистина и не знаеш што е пострашно мојот негативен лик или ликовите видливи и невидливи кои се предавници на оваа земја. Тоа беа дискусиите на коктелот после премиерата во КИЦ Битола“.


Се работи за политичко социјална драма во која режисерот ги опсервира луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме сите ние. Приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓу 2014 и 2017 година, посебно 27 април 2017, ден што засекогаш ја смени нашата современа историја. Судир меѓу идеалите и реалноста; границата помеѓу вистината, лагата и совеста. Центар на филмот е актерот и неговата човечност. „Утре наутро„, филм што не се гледа лесно, но се памети долго.

Горко вели дека доцниме со љубовта кон својата татковина. „Заедно сите - до последен, доцниме со казните за предавниците, знаеме дека големите ги јадат малите, тоа е нашата приказна, ама за пари ??? да станеш предавник, да оставиш карма на цело семејство, за пари?? Страшно, за мене е страшно. Многу истории


се како нашата, во многу земји мислам, толкаво мешање на големите ќе да е кармично наследство од дамнини. Додека не почнеме сите заедно да ја сакаме, нема напред, додека од секој нас не тргнеме да влијаеме со нашето однесување и лично и професионално, да го сфатиме системот само како унија на нашите однесувања кои очигледно не се добри, а тоа е одраз во власта сиве години од осамостојувањето. Системот сме ние, секој поединечно. Но, има големо но, кое боли...ќе се промени ли нешто? Да Утре наутро“.

Продуцент на филмот е Јани Бојаџи, извршен продуцент: Дејан Милошевски, директор на фотографија: Дарио Секуловски, монтажер: Давид Дулев, продукциски дизајнер: Јани Бојаџи, сценограф: Гоце Попов, костимограф: Зорка Тодорова, шминкер: Ирена Сенокозлиовска, композитор: Јани Бојаџи. Продуценти се: Синемон медија фактори, Револушн продакшн во соработка со Алфа Национална телевизија.