[ВИДЕО] Хабиб Нурмагомедов повторно шокира со храброста: Од сауна скокнал и пливал во ледена река

Супермен

15/12/2025

13:15

474

Големина на фонт

а а а

Легендарниот дагестански ММА борец, Хабиб Нурмагомедов (37) повторно ги воодушеви обожавателите на социјалните мрежи, каде што објави нова интересна снимка.

Пет години по завршувањето на кариерата, Хабиб и понатаму тренира и е во топ форма, а обожавателите особено ги изненадил со еден дел од неговата рутина.

Имено, на објавената снимка се гледа како Хабиб веднаш по излегувањето од сауна со екстремно висока температура, се приближува до ледената река во Дагестан и скока во неа.



Како што пишува во описот на снимката тој скокнал во студената вода при температура од 9 степени целзиусови.

Инаку последната борба во неговата голема кариера ја одиграл во октомври 2020 година, кога доминантно го совладал Џастин Гетји и поради ветувањето што ѝ го дал на мајка си ставил крај на кариерата.

Кариерата ја завршил со 29 победи и ниту еден пораз и влегол во историјата на УФЦ како еден од најголемите борци на сите времиња.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk