Југословенскиот претседател Јосип Броз Тито постојано добивал подароци од различни делови од светот.
Но, сигурни сме дека не ни сонувал дека од Џон Ленон ќе добие писмо, но и необичен подарок.
Пејачот на групата „The Beatles“, Џон Ленон, и неговата сопруга Јоко Оно, кон крајот на 60-тите години спровеле кампања за мир „Војната е завршена“, за да влијаат на јавноста да заврши конфликтот во светот, а пред сѐ во Виетнам.
Таа нивна кампања во рамките на која познатиот пар држел и конференција за медиумите, била многу проследена, но истата не била единствената која ја спровеле.
Претходно, извеле една помалку позната акција: „Желади“.
Џон Ленон и Јоко Оно во состав со таа кампања упатиле писма на адреса на 50 светски државници, а меѓу другото тука се нашол и претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито.
И не само што му испратиле писмо туку заедно со писмото му дале и два желади. Се верува дека Јоко Оно како уметница била творец на оваа концептуална идеја.
„Драги господине, во овој пакет ви испраќам и две живи скулптури – два желади, со надеж дека ќе ги посадите во својата градина и ќе ги одгледате во две прекрасни дрвца за мир во светот“, пишувало во писмото кое било означено „со љубов“, а на крај имало и потпис од Ленон и Јоко Оно.
Не е познато како Јосип реагирал на ова писмо и „подарокот“, но другите подароци кои ги добивал биле испраќани на анализа за да се утврди дали претставуваат некаква скриена опасност.

Откако било докажано дека навистина станува збор за два обични желади, тие биле пренесени во претседателската резиденција.
Тогашната југословенска амбасада во Лондон добила допис да се заблагодари за подарокот од музичарот, а според некои податоци, југословенскиот претседател го одобрил садењето на желадите.
Меѓутоа, денес не постојат податоци каде се наоѓаат и дали „преживеале“.