[ФОТО] Една од најубавите жени на светот го соблече горниот дел од костимот за капење и ги „сруши“ социјалните мрежи

Супермен

15/12/2025

15:07

715

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио и тоа како знае да ужива во животот, но и во текот на жешките летни денови.

Таа е многу активна на социјалните мрежи каде редовно споделува моменти од приватниот живот и ги известува своите следбеници за актуелните настани.

Неодамна објавила низа разголени фотографии, а една од нив привлекла големо внимание. На неа Алесандра го соблекла горниот дел од бикинито, а ни останатите фотографии не поминале незабележано, само дополнително ја загреале температурата и го нагласиле нејзиното совршено тело.

Фотографиите за кратко време се прошириле на социјалните мрежи и предизвикале лавина коментари, а фановите не останале рамнодушни на изгледот на манекенката, но и на нејзината самодоверба и стил.

Славната манекенка кариерата ја започнала многу рано, првите часови по манекенство ги земала како 12-годишно девојче, а на 15 години почнала да се занимава професионално како модел.


Амбросио станала глобално позната како едно од најпрепознатливите заштитни лица на „Victoria’s Secret“. Била ангел од 2004 до 2017 година и прва официјална претставничка на нивната препознатлива линија „PINK“.

Во текот на својата долгогодишна кариера соработувала со бројни врвни модни куќи и брендови, вклучувајќи ги и „Christian Dior“, „Armani“, „Ralph Lauren“, „Gucci“, „Fendi“, „Moschino“ и многу други.

Со својот изглед красела меѓународни насловни страници на угледни магазини како „Elle“, „Vogue“, „Cosmopolitana“ и други.

Алесандра исто така била сместена и меѓу најплатените модели на светот и често медиумски била истакнувана како една од најубавите жени на светот, со што станала првата модна икона на својата генерација.


Освен со манекенството, Амбросио е и претприемачка, во 2004 година ја лансирала линијата на костими за капење „Alessandra Ambrosio by Sais“ која била добро прифатена на пазарот, а подоцна и брендот „Ale by Alessandra“.

Приватно е мајка на две деца, ќерката Ања и синот Ноа кои ги има со поранешниот вереник Џејми Мазуро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk