[ФОТО] По борбата со неплодноста и победата над ракот на нејзината ќерка, Христина Младенов ја испраќа 2025 година со благодарност: „Ништо повеќе од ова не посакувам, Господе фала ти!“

Точка

15/12/2025

16:17

975

Големина на фонт

а а а

Христина Младенов, која на Инстаграм е позната под името „@hristinapan“, потекнува од живописното село Слепче во Демир Хисар, а веќе речиси дваесет години живее и работи во Скопје. По образование е дипломиран инженер по биологија и многу е активна на социјалните мрежи, каде што ја следат повеќе од 30.000 луѓе.

Христина често објавува содржини од секојдневниот живот, а овојпат објави новогодишна семејна фотосесија на која позира заедно со сопругот Петар, близначките Хана и Тара, како и со најмладата ќерка Калија.


Таа претходно се соочуваше со долга борба со неплодноста, а подоцна и со тешката дијагноза рак кај една од своите близначки, а сега отворено споделува дека денес чувствува огромна благодарност што тие предизвици се минато и што 2025 година ѝ донесе уште еден благослов – раѓањето на нејзината трета ќерка.

„2025 прво ми ја даде Калија мојата трета среќа, благослов и чудо за кое никој не веруваше дека ќе се случи.


Ми ја даде по втор пат Тара, после две години голгота ѕвонеше најсилно ѕвончето што означува победа и нов живот исполнет само со здравје и убави моменти, детство какво што треба да има секое дете.

Хана конечно ме има дома цело време, ми верува дека сум тука и почна да ме вика МАМА!

Моментално седам во викендицата во моето Слепче, покрај оган и ми светка старата елка, со дел од моите први лампиони од детството. Ништо повеќе од ова не посакувам, да сме здрави и живи и сите на број.

Господе фала ти!“, стои во описот на објавата на Инстаграм.