Една од најуспешните македонски пејачки, Каролина Гочева, неодамна со својот сакан сопруг, уметникот Михаил Корубин, поминаа време на една од најатрактивните дестинации на светот, земјата на изгрејсонцето – Јапонија.
Тие посетија два града Токио и Кјото, едниот се одликува со современост, додека пак другиот е познат како културна престолнина на Јапонија.
Каролина и Михаил од фотографиите кои таа ги објави на социјалните мрежи се гледа дека навистина уживаат во источната култура и традиција, а кој не би уживал доколку го милува јапонското сонце?
Заљубени и среќни тие шетале низ футуристичкиот град Toкио каде облакодерите и метежот од луѓе кои брзаат насекаде не се непознати, а подоцна уживале во помирниот Кјото каде се запознале со дел од историјата на Јапонија.
Вчера, Каролина сподели уште некои фотографии од патувањето во Токио кои се навистина визуелно примамливи и уметнички, а на една од нив ужива во прегратките на својот сопруг.

Под објавените фотографии таа доби многу пофални коментари:
„Каролина, сликиве се ремек дело“, „Убави едни“, „Сосема друг свет, култура, универзум“, „Вие двајца сте ми многу убави“, „Љубовта е најголема“...











